ЦРНА ЛИСТА

 на судии, обвинители, судски вештаци, извршители, претседатели на комисии, државни службеници

1. ЕМИЛИЈА ШОПАР ЈОВАНОВА (судија) Пресуда XI П.бр. 10510/07 од 12.07.2013 г.

2.РАЈНА НАСТОВСКА, дипл.инг.арх., судски вештак, Вешт наод и мислење од април2009     г. и Дополнување на наод и мислење од јануари 2011, во предметот IV П.бр.2790/07

3. Асс.д-р.ЗЛАТКО ЈАЌОСКИ Вешт наод и мислење бр.1301-653/05 0д 29.09.2005 г.  (К.бр.979/04)

4. ЛИДИЈА ЧАЧЕВА (судија) Пресуда XXI.К.бр.448/06 од 18.09.2007 г.

5. МИЛКА СТЕФКОВА (судија) Пресуда КЖ.бр.-443/08 од 21.05.2008 г.

6. ДИАНА ГРУЕВСКА ИЛИЕВСКА (судија) Решение К.ПОВ.бр.258/11 од 27.05.2011 г.

7. САНДРА КРСТИЌ (судија) Решение К.ПОВ.бр.570/13 од 09.01.2014 г. Решение    К.ПОВ.бр.112/14 од 11.03.2014 г.

8. БАРДУЛ КУКА Јавен обвинител на РМ  Известие ВИ.Коз.бр.216/11 од 25.11.2011 г.

 

ЕКСКЛУЗИВНО:Имињата на Основните и Вишите јавни обвинители ќе бидат соопштени/објавени

Основно јавно обвинителство мислење КО.бр.756/06 од 11.05.2011 г.

Основно јавно обвинителство Скопје мислење КО.бр.756/06 од 25.12.2013 г.

Вишо јавно обвинителство Скопје писмен предлог КОЖ.бр.887/14 од 09.04.2014 г

Вишо јавно обвинителство Скопје писмен предлог КОЖ.бр.1138/11 од 21.06.2011 г.

 

  Црната листа е составена и ќе се надополнува по предлози на граѓаните, кои се објективни и основани, а врз основа на донесените несовесни и неправични одлуки кои овие поединци чии имиња се објавени ги донеле, коишто одлуки исто така ќе продолжиме да ги објавуваме на веб-страницата на здружението "Преродба".

 

Недозволената пракса на донесувањето на несовесни, нестручни и како корумпирани на некој начин, неиздржани одлуки,  резултира со огромно оштетување на граѓаните во решавање на своите проблеми и прашања од најразличен вид, а кои им укажале доверба на институциите на системот. 

Притоа, на граѓаните им се нанесуваат огромни оштетувања на нивното здравје и мир, до загрижувачки и алармантни, највисоки точки и состојби на очај, потиштеност, депресија, трауми, нервни сломови, срцеви удари, состојби на хронично нарушено здравје, најчесто со тешки клинички слики, економска исцрпеност, сиромаштија, поради долготрајната изложеност на трошоци во постапката, доведувајќи го граѓанинот многу често и до статус на социјален случај, трауматизирајќи ги нивните животи од секој аспект, зголемувајќи го бројот на несреќни луѓе кои катадневно живеат со ускратени основни човекови и граѓански права и слободи, што е противуставно и противзаконски.

На тој начин е невозможно да се живее и создава во мир. Особено им е нарушено мирното живење и создавање на творците,  на научниците, на  истражувачите, на луѓето кои создаваат, на таа многу важна категорија, правејќи им  огромна штета, и човечка и општествена и научна.

Поединецот/Граѓанинот е суверен со своите природни права и суверен на граѓанското право и општество.Прво и базично природно и уставно право на граѓанинот е слободното и мирно живеење и создавање.Никој и со ништо не смее на граѓанинот да му го нарушува  слободното и мирно живеење и создавање!!!

Ако е природно и уставно право мирот и слободата на граѓанинот, тогаш насилието од секаков вид, неразумието и несовесноста е атак врз мирот и слободата на граѓанинот/поединецот.

Граѓанинот, како учесник во судска постапка истовремено е и очевидец/сведок и има непосредна можност да ги согледа  разните аспекти кои укажуваат/ кореспондираат со изречената пресуда на судијата. И тоа, се разбира, доколку е непристрасен и објективен, прв е во можност да ги почувствува евентуалните неправилности, тенденциозности, не фер судење, пристрасности, кои во самиот тек на постапката можат да сигнализират дали се работи за несовесност, нестручност, пристрасност или како корумпираност на некаков начин. И сето тоа доколку се манифестира/ изразува и во текстот на пресудата, граѓанинот со право и прв може да се посомнева во таква пресуда односно судија.

Сомнежот на граѓанинот учесник во судска постапка, во некоја пресуда и судија, доколку се потврди и од стручни лица, ете тогаш граѓаните имаат право да бараат таков судија со такви пресуди да не може повеќе да суди во името на граѓаните и да не може повеќе да ја обавува  таа доблесна работа и да биде разрешен, а најнапред да му ги надомести направените штети на граѓанинот, од сите видови, особено за неговите страдања итн. И судијата и виновната страна да ги платат сите трошоци  во постапката.

Критериум за тоа некој од посочените (судии, обвинители, судски вештаци, државни службеници) да се најде на црната листа е донесување неиздржани пресуди, одлуки, решенија, несовесно и непрофесионално/нестручно вршење на судиската и друга функција, пристрасно водење на судската постапка односно постапките што ги водат гореспомнатите поединци на службена функција, непостапување односно недоследно постапување по законите, што е нивна обврска и службена должност, како и непостапување по насоките и задолженијата на вишите судови, но и истото такво недозволиво и несоодветно постапување на вишите судови и и на јавните обвинителства, кои прават груба/тешка повреда на правото и го кршат член 13 став 1 од Законот за судови, кој гласи: "Судските одлуки се изрекуваат во името на граѓаните на Република Македонија ", а притоа тие не судат во името на граѓаните на Република Македонија.

Таквите судски одлуки граѓаните нема да ги прифатат.

Здружението ќе се залага тие поединци да не можат повеќе да судат во името на граѓаните на Република Македонија.

Доколку граѓанинот има доволно елементи, сознанија, чувство дека се работи за такви одлуки ќе има можност таквата одлука да биде поставена на веб-страницата на Преродба и името на судијата (обвинителот, судскиот вештак и др.) да го предложи за во Црната листа.

Притоа, секој граѓанин ќе има можност преку формата за испраќање на документи на нашата веб-страница да ја достави одлуката и/или друг документ што е во прилог на неговиот предлог за црната листа.

За таа цел, граѓаните треба да дадат образложение зошто сметаат дека одлуката е несовесна/неиздржана и да биде поставена на нашата веб-страница и зошто името на доносителот на таа одлука го предлагаат за во Црната листа.

Граѓанинот кој не сака да биде видливо неговото име и/или другите лични податоци на документот, може истите да ги покрие пред да го скенира документот кој ќе ни го испрати или ние ќе интервенираме и на тој начин ќе постапиме во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Здружението овозможува експерти од разни области на правото да ги изнесат своите стручни, експертски мислења  за различни видови прашања и проблеми кои се јавуваат во праксата, во практикувањето на правото и во судската пракса, при/во донесувањето на судските и други видови одлуки и решенија. А сето тоа врз основа на поставените од страна на граѓаните одлуки за кои сметат дека се несовесни, нестручни и како корумпирани на некаков начин.
Со тоа сите заедно ќе придонесеме кон правна сатисфакција и рехабилитација на граѓанинот кој бил оштетен со несовесна, нестручна и како корумиранана одлука/пресуда/решение, но и за објективно унапредување во правната област и на правосудството во Р.Македонија, прочистени од несовесноста, нестручноста и корумпираноста.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЈА ЗА ПРЕДЛОЗИТЕ

Емилија Шопар Јованова, Пресуда XI П.бр.10510/07 од 12.07.2013 година, поради тоа што го одбила како неосновано тужбеното барање на тужителот и пресудила во корист на тужениот стоматолог кој всушност му го инфицирал максиларниот синус на тужителот, притоа докрај несовесен не сакајќи да ја признае својата вина и не сакајќи да му ја пружи соодветната лекарска помош, избегнувајќи ја својата одговорност, при што, исто така и до судот не доставил никакви докази, особено не ја доставил потребната медицинска документација за пациентот/тужителот: здравствен картон на негово име, лекарски дневник, налози за плаќање со талонче од син картон и друга потребна документација. И покрај тоа што оштетениот тужител од своја страна ги доставил сите потребни докази заедно со судско медицинско вешто мислење во кое дословно стои: Од податоците содржани во списите на предметот, се гледа дека оштетениот Р.М. во тек на лекувњето на забите во 2003-2004 г. се здобил со воспаление на левиот синус на горната вилица, со кое е утврдена причинско-последичната врска по основ на надомест на нематеријална штета, предизвикана кај тужителот како последица од интервенцијата и инфицирањето на максиларниот синус од страна на тужениот, судијата донесува крајно несовесна, нестручна и како корумпирана пресуда. Пресудата е потполно неизржана, необјективна, полна со лаги/невистини, со тешко искривување на доказите, а со тоа и искривување на вистината и тоа од страна на самата судија. Од содржината на самата пресуда е видно дека судијата се впуштила во произволно обликување и толкување на изјавите на страните во постапката, со одење до крајно невистинити тврдења, за кои нема ниту една поткрепа во дадените изјави и изведените докази. Судијата невистинито ги третира тужбените и доказни факти дури дотаму што сакајќи да му помогне на тужениот, до таа мера ги искривува и злоупотребува, што преминуваат во апслутни ЛАГИ, за што може слободно да се каже дека судијата ЛАЖЕ. Најнапред судијата ги прифаќа лагите на тужениот, а потоа самата ги проширува и што е крајно неприфатливо и недозволиво, врз такви лаги да ја темели судската пресуда!!! Во секој пасус, од почетокот до крајот, паѓаат в очи многуте контрадикторности, противречности, дотаму што на крајот го изведува заклучокот на пресудата дека "врз основа на сето изнесено и доказите, не може со сигурност да се каже дека тужениот воопшто вршел интервенции на забите на тужителот"???? А тужениот самиот признал и изјавил дека вршел интервенции на забите на тужениот, што е видно и од своерачно напишан доказ, доставените од негова страна дополнителни прашања до судска медицина во кои јасно кажува дека ги вршел тие интервенции.

Како може, без да се утврди точниот статус на тужениот во ординацијата, на кој начин работел, како ја водел евиденцијата за пациентите, какви интервенции правел, како наплатувал . . ., кога до судот воопшто не беше доставена медицинската документација од ординацијата, а судијата исто така, без да има увид во истата, ја изведува целата доказна постапка, го дава своето мислење и донесува пресуда во корист на тужениот и тоа само врз основа на неговите лажни искази на кои им посветува потполна доверба, колку е тоа тенденциозно, непрофесионално заземање на како корумпиран судија, слободно може да се каже, врз основа на изведената судска постапка со ослободителна пресуда за тужениот?!

Поради тоа што оваа Пресуда е пример за нестручно, неправично, необјективно, несовесно, еднострано, тенденциозно, пристрасно, неиздржано судење, со што лично како судија, со своето несовесно, нестручно и како корумпирано на некој начин однесување ја поткопува судската професија и правосудниот систем и им нанесува огромна штета, придонесувајќи за губење на довербата на граѓаните во истите.

Црната листа со предлогот спомнатата судија да се најде на истата, е најавена токму и во самото Дополнение на жалбата од 17.10,2013 г., доставена до Апелциониот суд.

Рајна Настовска, дипл.инг.арх., судски вештак, Вешт наод и мислење од април 2009 г. и Дополнување на наод и мислење од јануари 2011, во предметот ИВ П.бр.2790/07, поради невалидно, необјективно и нестручно, неодговорно, тенденциозно, пристрасно и полно со невистини вештачење и неприкажување на фактичката состојба на предметниот кров на зградата кој требало да го вештачи, туку делови од зградата, што не се дел од кровот, а со Дополнувањето појаснува дека останува на изнесеното во 2009 г. И повторно, како и во 2009г. и во 2011 г. кон наодот и мислењето приложува фото албум со фотографии направени со тенденциозно и пристрасно снимање на други делови од зградата, што не се дел од кровот, прикажувајќи ги како кровна конструкција, а со тоа придонесувсјќи судот да не може да ја утврди вистинската фактичка состојба и да донесе неправична, неиздржана одлука. Или можеби помагајќи и на судијата да донесе необјективна, пристрасна, неправична пресуда за раскинување на договор за покривање на влез од зграда, иако договорната страна т.е.тужениот ја исполнил својата обврска од договорот, да се заштити зградата од прокиснување, го направил кровот во определеното време. Поради тие причини, поради злоупотреба на должноста, проблематичните искази и невистинити тврдења, тужениот барал изземање на вештото лице и судот да го отфрли необјективното вештачење, и за што би требало да му се одземе лиценцата на вештото лице, што судијата не го дозволил, ниту пак дозволил ново вештачење кое било побарано од одбраната, а е предвидено со закон, поради што тужениот исто така побарал изземање на судијата, кое било одбиено. Поради очигледната пристрасност на судијата, а особено поради тоа што на судијата му било укажано на фактот дека со необјективното вештачење и неприкажување на фактичката состојба на предметниот кров, го доведува во заблуда судот да донесе погрешна неправична и неиздржана пресуда, тужениот барал негово изземање, поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврдени со закон и пристрасно водење на судската постапка, но судијата не беше изземен и се случило она на што укажувал тужениот, донел несовесна и неправична пресуда за раскинување на договорот за изградба на кров/покривање на влезот од зградата и за отстранување на кровната конструкција, со што во целост одговорил на тужбеното барање на тужителите. Судијата донел необјективна пресуда заснована врз врз необјективно вештачење. Доколку судијата не постапи по задолженијата од Апелациониот суд кој ја уважи жалбата на тужениот и повторно донесе неправична пресуда, името на судијата дефинитивно ќе биде накнадно објавено на Црната листа.

Асс.д-р.Златко Јаќоски, Вешт наод и мислење бр.1301-653/05 0д 29.09.2005 г. изготвено по приватна тужба против обвинетиот (К.бр.979/04). Предлог да се најде на Црната листа е поради неговото несовесно вештачење, кое го изготвил врз основа на фалсификуван доказ-рентген снимка, односно во вештото мислење, а потоа и на рочиштето на судот децидно изјавува дека рентген снимката, која е круцијалниот доказ врз основа на која е поведен и обвинителен акт, а потоа и донесена пресуда за тешка телесна повреда, е направена на 20.02.2004 година, во 12.47 мин.на пладне, додека на круцијалната снимка, на кoja се гледа исчашен зглоб, воопшто нема ниту датум ниту време, ниту називот на установата во која е направена, а се тврди дека е направена во Универзитетската клиника по хируршки болести "Св.Наум Охридски" во Скопје, со што би се утврдила нејзината автентичност како доказ за делото кое му се става на товар на обвинетиот. Иако обвинетиот, уште на самиот почеток на судската постапка (со првиот поднесок од 2007 г.), а потоа и континуирано, во повеќе наврати, со доставување поднесоци и изјави до судот, а преку него и до обвинителството, како и на рочиштата, каде биле присутни и обвинителите, укажал дека се работи за лажно пријавување на кривично дело и за лажно обвинение, основниот/првостепениот суд, односно судија и обвинителството, односно обвинителот,секогаш донесувале негативна одлука по барањата на обвинетиот/осудениот, иако самиот тој успеал да го пронајде и посочи лажниот доказ-рентген снимка, со тоа барајќи повторување на кривичната постапка и заштита на законитоста, а исто така и Апелациониот суд, со исклучок на решението КСЖ.бр.-50/14 од 18.02.2014 г. со кое ја уважил жалбата на обвинетиот/осудениот против решението на првостепениот суд, со кое му се одбива барањето за повторување на кривична постапка, по втор пат, иако сега е поднесено врз основа на нов доказ: Стручно објективно мислење за рентген снимки од 16.09.2013 г. изготвено од овластен судски вештак за судска медицина, Доц. Д-р Виолета Никодиновска, специјалист по рентген дијагностика во УК по хируршки болести "Св. Наум Охридски" во Скопје, во кое стои дека клучната снимка не е веродостоен доказ дека е направена во УК за хируршки болести "Св.Наум Охридски" Скопје на ден 20.02.2004 г. , ниту дека е од пациентот Е.С.), за да повторно истиот судија ја одбие жалбата и покрај основаните наводи во неа .

Во целиот овој случај и судска постапка, всушност се потврдуваат сите укажувања на обвинетиот/осудениот дека "оштетената" со фалсификуван доказ и лажно обвинение ги ставила во заблуда правосудните институции и органи и за такво сторување кривично дело од нејзина страна, не е санкционирана, иако обвинетиот со сите свои изјави и докажувања во постапката им го посочил виновникот особено на обвинителството, да ги преземе потребните мерки, што е негова службена должност. Поради таквата несовесност, непостапување според законите и невршење на службената должност од страна на обвинителството односно обвинителите, осуден е невин човек, а против виновникот кој сторил кривично дело: лажно пријавување и лажно обвинение врз основа на фалсификуван доказ не е подигнат никаков обвинителен акт, ниту е казнет за тоа!

Поради тоа, исто така, се предложени и судиите и обвинителите во оваа постапка, да се најдат на Црната листа и да бидат објавени нивните одлуки:         

Лидија Чачева, Пресуда XXI.К.бр.448/06 од 18.09.2007 г. , особено оваа судија затоа што пресудата ја донесува врз основа на нејзиното убедување изнесено во пресудата:". . . но судот исказите на овие сведоцо не ги прифати како вистинити, од причина што се двосмислени, дадени со цел да му помогнат на обвинетиот и се противречни на останатите докази, кои судот ги заде за вистинити, а тоа се исказот на оштетената, сослушана како сведок, исказот на вештото лице, медицинската документација на име на оштетената и Вештачење бр.1301-653/05 0д 29.09.2005 г." Милка Стефкова,  Пресуда КЖ.бр.-443/08 од 21.05.2008 г., Диана Груевска Илиевска Решение К.ПОВ.бр.258/11 од 27.05.2011 г., Сандра Крстиќ Решение К.ПОВ.бр.570/13 од 09.01.2014 г. Решение К.ПОВ.бр.112/14 од 11.03.2014 г.,  Јавен обвинител на РМ Бардул Кука Известие VI.Коз.бр.216/11 од 25.11.2011 г.

Основните и Вишите јавни обвинители: Основно јавно обвинителство мислење КО.бр.756/06 од 11.05.2011 г., Основно јавно обвинителство Скопје мислење КО.бр.756/06 од 25.12.2013 г., Вишо јавно обвинителство Скопје писмен предлог КОЖ.бр.887/14 од 09.04.2014 г., Вишо јавно обвинителство Скопје писмен предлог КОЖ.бр.1138/11 од 21.06.2011 г.

 

 

 

 

+