Несовесните одлуки на судиите, на јавните обвинителства и на другите органи се уривање на достоинството на судската власт и професија и на државните институции кои се државен сервис на граѓаните. Со таквите несовесни одлуки наместо да се заштитуваат и остваруваат правата на граѓаните, тие дополнително се кршат, а судството и државната власт на особен начин, институционално се корумпира, со непочитување и непостапување по законите од страна на нивните службеници, што ни дава право да заклучиме дека се работи за нивна несовесност, односно или за нивна нестручност или за нивна корумпираност  на некој начин.

Евентуалната корупција на судиите, обвинителите, вештаците, нотарите и др. ќе може да се докаже, доколку не се работи за крајно нестручен судија-стручњак или друг, на основа на содржината на пресудата/одлуката и третирањето на судската постапка, што мошне лесно, точно и компетентно можат да го докажат стручните лица, врз основа на позитивните закони.

              Ставот и мислењето на Преродба за неиздржаните односно несовесни, нестручни и како корумпирани на некој начин одлуки или пресуди произлегува од применувањето на новиот систематизиран генетички приод, со кој непогрешливо може да ги препознаеме таквите одлуки или пресуди, затоа што за сите нив заеднички се некои битни елементи кои укажуваат дека се работи за такви односно за несовесни, нестручни и како корумпирани на некој начин одлуки, земајќи ги во предвид сите аспекти во постапките/предметите и редоследно и соодветно ставајќи ги на една или на друга страна од вагата на правдата, како на пример:

-          Изнесените релевантни докази од едната страна во постапката наспроти недоставување докази од другата страна во постапката, иако судот истата ја задолжил да достави, и донесена одлука во корист на втората страна ;

-          Недонесување правична одлука врз основа на изјавите на сведоците кои одат во прилог на едната страна во постапката наспроти тврдењата и барањата на другата страна во постапката;

-          Вешт наод и мислење со кој не е одговорено на задолжението од судот, односно на поставеното прашање и наместо вештачењето да помогне да се утврди вистинската фактичка состојба, во него се изнесени невистинити факти, а судијата сепак го прифаќа и врз основа на истото ја донесува неиздржаната одлука;

-          Вешт наод и мислење со кој е одговорено на задолжението од судот, односно на поставеното прашање и е во прилог на утврдување на вистинската фактичка состојба, но судијата сепак не го прифаќа и ја донесува неиздржаната одлука;

-          Недозволување на ново вештачење и покрај аргументираните барања од едната страна во постапката, а со цел да се утврди вистинската фактичка состојба, за да се донесе и правична пресуда, и покрај тоа што на судијата и е укажано дека вештачењето е тендензиозно.

-          Изнесување нови докази во постапката и барање за повторување на постапката, кое судијата или јавниот обвинител го одбива и ја потврдува неиздржаната, несовесна, нестручна и како корумпирана одлука;

-          Точно детерминирање, врз основа на Вешт наод и мислење од судски вештак, и посочување до јавното обвинителство од едната страна дека крунскиот доказ кој го приложила другата страна во постапката и врз кој го добила предметот е фалсификат, но јавниот обвинител не подигнува никакво обвинение спрема докажаниот фалсификатор, на кој не му е првпат да фалсификува, туку го потврдува обвинителниот акт спрема невината и во овој случај оштетената страна, која е осудена.

-          Неценење на приложените докази од едната страна во постапката иако истите се релевантни и помагаат да се утврди вистинската фактичка состојба и донесување одлука врз основа недоволни и нејасни аргументи;

-          Неценење и неполагање доверба на изјавите на едната страна во постапката, иако истите се релевантни, поткрепени со докази и помагаат да се утврди вистинската фактичка состојба, а полагање доверба во изјавите на другата страна во постапката, а истите се неверодостојни и непоткрепени со докази;

-          Впуштање на судијата во произволно обликување на изјавите на страните во постапката, се до невистинити тврдења што наводно ги изјавила едната или другата страна;

-          Пристрасно водење и одлучување во постапката, фаворизирајќи ја едната страна во постапката;

-          Неправично судење, ускратувајќи и ги законските можности на едната страна во постапката;

и слични елементи (кои може да ги дополниме врз основа на несовесните/неиздржани одлуки во постапките во предметите на граѓаните за кои тие треба да дадат образложение зошто сметаат дека одлуката е несовесна/неиздржана и да биде поставена на нашата веб-страница и зошто името на доносителот на таа одлука го предлагаат за во Црната листа);

Тоа не охрабрува како здружение на граѓани исто така да ги охрабриме граѓаните и самите да ги препознаваат таквите одлуки и да можат да го кажат/изнесат и тие своето мислење и став, уште повеќе и затоа што одлуките и пресудите се носат во името на граѓаните, а граѓанинот е првиот суверен и го дава суверенитетот на секоја власт, па и на судската и на судијата кој според законот ги донесува одлуките во негово име.

Затоа, граѓаните се први кои имаат право да посочат такви одлуки, односно судии или други (обвинители, судски вештаци) кои донеле таква одлука или мислење и наод, кои поради тие причини ги предлагат да се најдат на Црната листа.

Доколку граѓанинот има доволно елементи, сознанија, чувство дека се работи за такви одлуки, а при што треба и самиот да е објективен, ќе има можност таквата одлука да биде поставена на веб-страницата на Преродба и името на судијата (обвинителот, судскиот вештак и др.) да го предложи за во Црната листа.

Притоа, секој граѓанин ќе има можност преку формата за испраќање на документи на нашата веб-страница да ја достави одлуката и/или друг документ што е во прилог на неговиот предлог за црната листа. Граѓанинот кој не сака да биде видливо неговото име и/или другите лични податоци на документот, може истите да ги покрие пред да го скенира документот кој ќе ни го испрати или ние ќе ги на тој начин ќе постапиме во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

На тој начин, како граѓанска иницијатива, заедно со граѓаните сакаме да придонесеме во заедничката борба на Владата на РМ, ОН, ЕУ и Државната комисија за спречување на корупција и други, против корупцијата во судиските редови и во другите институции, против секаков вид на несовесно, непрофесионално и како корумпирано однесување на судиите, обвинителите, судските вештаци и други, како поединци. Со тоа понатаму ќе им олесниме на институциите кои се бават со спречување на корупцијата, во истражувањето, докажувањето и на такви пресуди, одлуки, а со дополнителни стручни/експертски правни мислења по тие пресуди и одлуки, од страна на стручни соработници и експерти, со сигурност може да се смета дека е најден начин како таквите мислења да се сметаат за релевантни и меродавни за некој да се најде на Црната листа.

На тој начин се особено потребни и драгоцени се и мислењата на граѓаните, со цел да ја подобрат состојбата во судството, во државата. Особено, поради тоа што поради несовесноста, нестручноста и како корумпираност на некој начин на судијата со такви одлуки, губат и граѓаните и државата.

Ќе влијаеме да се промени таквата актуелна пракса, судијата со такви одлуки директно да и прави штета на државата, на нејзиното реноме, но и економска штета, поради несовесните одлуки да биде тужена Република Македонија пред Судот за човекови права во Стразбур и државата да ја плаќа оштетата на своите граѓани.

Напротив, ние граѓаните, доносителите на таквите одлуки ќе ги повикаме директно да ја сносат одговорноста за своите постапки.