Природните законитости се неприкосновени во живеењето и создавањето.

Тие се алфа и омега на сите процеси и активности во/на човекот.

Затоа, императивна обврска е да создаваме предуслови за непречено/слободно одвивање на природните законитости во нас и надвор од нас, со цел за оптимално и успешно функционирање и за постигнување на значајни и повисоки резултати во која било област или сфера на нашето живеење и дејствување.

Природните законитости и природното право им се надредени на сите закони на позитивното право, создадено од човекот. Тоа што позитивното право недоволно ги заштитува природните права на човекот, правата и слободите произлезени од нив, не ги почитува и не создало механизми за постапување согласно природните законитости, тоа говори токму за недостатоците на позитивното право но и за можноста истите да се надминуваат, со цел тоа да се доближи и да ги достигне повисоките аспекти на законитостите и законите кои се суштествени за човекот.

Тоа, пак, е поврзано со разумно или неразумно однесување на човекот/поединецот/граѓанинот на искуствено, системско рамниште. На тоа системско, базично рамниште треба најпрво да се интервенира, за да дојде до позначајни позитивни промени  кај човекот/граѓанинот/поединецот, за да има позитивен одраз и во општеството. Притоа, клучен е разумниот приод, наспроти неразумието, за коешто причината е во функционирањето на човекот/поединецот со ниските фактори, а тоа понатаму се одразува негативно во сите сфери на човековото живеење и дејствување и во професијата.

Онаму каде што законите недоволно ги заштитуваат човековите  права, правата на граѓанинот/поединецот, да се бараат измени во законите, додека онаму каде што законите ја опфаќаат/пружаат потребната заштита, а сепак оние кои ги донеле одлуките не постапуваат согласно истите (несовесно, нестручно, како корумпирано на некој начин) тогаш донесувачите на тие одлуки да се сменат. Да се разрешат односно да им се одземе  лиценцата за нивната стручна работа.