Недозволената пракса на донесувањето на несовесни, нестручни и како корумпирани на некој начин, неиздржани одлуки,  резултира со огромно оштетување на граѓаните во решавање на своите проблеми и прашања од најразличен вид, а кои им укажале доверба на институциите на системот. 

Притоа, на граѓаните им се нанесуваат огромни оштетувања на нивното здравје и мир, до загрижувачки и алармантни, највисоки точки и состојби на очај, потиштеност, депресија, трауми, нервни сломови, срцеви удари, состојби на хронично нарушено здравје, најчесто со тешки клинички слики, економска исцрпеност, сиромаштија, поради долготрајната изложеност на трошоци во постапката, доведувајќи го граѓанинот многу често и до статус на социјален случај, трауматизирајќи ги нивните животи од секој аспект, зголемувајќи го бројот на несреќни луѓе кои катадневно живеат со ускратени основни човекови и граѓански права и слободи, што е противуставно и противзаконски.

На тој начин е невозможно да се живее и создава во мир. Особено им е нарушено мирното живење и создавање на творците,  на научниците, на  истражувачите, на луѓето кои создаваат, на таа многу важна категорија, правејќи им  огромна штета, и човечка и општествена и научна.

Поединецот/Граѓанинот е суверен со своите природни права и суверен на граѓанското право и општество.

Прво и базично природно и уставно право на граѓанинот е слободното и мирно живеење и создавање.

Никој и со ништо не смее на граѓанинот да му го нарушува  слободното и мирно живеење и создавање!!!

Ако е природно и уставно право мирот и слободата на граѓанинот, тогаш насилието од секаков вид, неразумието и несовесноста е атак врз мирот и слободата на граѓанинот/поединецот.

Како граѓанска иницијатива ќе се избориме,  се што го нарушува правото на слободното и мирно живеење и создавање да се проследи како насилие против граѓанинот, како кривично дело против слободното и мирно живеење и создавање.

Ставот на Преродба е дека тоа во основа и во суштината ќе ги промени состојбите на сите рамништа во прогресот на општеството/ата.

Граѓанинот, како учесник во судска постапка истовремено е и очевидец/сведок и има непосредна можност да ги согледа  разните аспекти кои укажуваат/ кореспондираат со изречената пресуда на судијата. И тоа, се разбира, доколку е непристрасен и објективен, прв е во можност да ги почувствува евентуалните неправилности, тенденциозности, не фер судење, пристрасности, кои во самиот тек на постапката можат да сигнализират дали се работи за несовесност, нестручност, пристрасност или како корумпираност на некаков начин.
И сето тоа доколку се манифестира/ изразува и во текстот на пресудата, граѓанинот со право и прв може да се посомнева во таква пресуда односно судија.

Сомнежот на граѓанинот учесник во судска постапка, во некоја пресуда и судија, доколку се потврди и од стручни лица, ете тогаш граѓаните имаат право да бараат таков судија со такви пресуди да не може повеќе да суди во името на граѓаните и да не може повеќе да ја обавува  таа доблесна работа и да биде разрешен, а најнапред да му ги надомести направените штети на граѓанинот, од сите видови, особено за неговите страдања итн. И судијата и виновната страна да ги платат сите трошоци  во постапката.

Доколку граѓанинот има доволно елементи, сознанија, чувство дека се работи за такви пресуди ќе има можност таквата пресуда да биде поставена на веб-страницата на Преродба и името на судијата да го предложи за во црната листа.