Здружението овозможува експерти од разни области на правото да ги изнесат своите стручни, експертски мислења  за различни видови прашања и проблеми кои се јавуваат во праксата, во практикувањето на правото и во судската пракса, при/во донесувањето на судските и други видови одлуки и решенија. А сето тоа врз основа на поставените од страна на граѓаните одлуки за кои сметат дека се несовесни, нестручни и како корумпирани на некаков начин.
Со тоа сите заедно ќе придонесеме кон правна сатисфакција и рехабилитација на граѓанинот кој бил оштетен со несовесна, нестручна и како корумиранана одлука/пресуда/решение, но и за објективно унапредување во правната област и на правосудството во Р.Македонија, прочистени од несовесноста, нестручноста и корумпираноста.