Здружението на својата веб страница овозможува објавување, промоции и поврзување и здружување на автентични и натпартиски граѓански иницијативи, заложби и проекти од разни области, кои се произлезени и во интерес, за остварување на автентичните потреби и интереси на граѓаните, на општеството и на државата, со примена на нов автентичен интердисциплинарен, цивилизациски, натпартиски приод и модел на функционирање и учество во одлучувањето во името, во интерес и во прилог на граѓаните.
Исто така, експерти од разни области ќе можат да ги изнесат своите стручни, експертски мислења и натпартиски ставови за различни видови прашања, теми, но и проблеми со кои се соочуваат граѓаните, кои се јавуваат во праксата, во разни области, со што ќе ја поддржат и зајакнат оваа автентична граѓанско-творечка платформа. А сето тоа поаѓајќи и врз основа на здружените автентични граѓански иницијативи, заложби и проекти.
Со тоа сите заедно ќе придонесеме кон продлабочување на автентичниот и интердисциплинарен однос и приод кон граѓанинот и творецот и нивната сувереност и кауза, како носител на суверенитетот и легитимитетот на власта, за нивната севкупна сатисфакција и за објективно унапредување на нивното живеее во сите сегменти на општеството.

 

 

                                     

ОД ДВИЖЕЊЕТО ЗА ГРАЃАНСКО-ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ВРЕДНОСТИ

За обединување на граѓаните, творците, здруженија, асоцијации, заедници, групи и напредните и добронамерни чинители во екумената, кои истражуваат, третираат и создаваат граѓанско-цивилизациски вредности (во сите области), во единствена граѓанско-цивилзиациска платформа за високите граѓанско-цивилизациски вредности.

Која ќе го дава својот севкупен граѓански и творечки придонес за заштита на постојните и за создавање на нови граѓанско-цвилизациски вредности, како основа врз која ќе ја градиме заедничката цивилизациска архитектура за новото време, овозможена со изјавите за немешање и соработка на државите, на чело со двајцата претседатели, на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.

Истовремено, ќе се бори против силите кои продуцираат/генерираат анти-граѓански и анти-цивилизацски вредности, процеси и кризи, кои го уназадуваат и го водат кон самоуништување/пропаѓање човештвото и човечката цивилизација.

Сите, заедно, да создаваме предуслови за здраво, мирно, слободно, полнотно, достоинствено и возвишено живеење и создавање.

Да се избориме за своите граѓански, уставни и цивилизациски права, согласно природните и цивилизациски законитости, кои се основни, неотуѓиви и непобитни и се единствени гарантори на нашата слобода, суверенитет и независност, но, кои се злоупотребени и сега треба да си ги вратиме.

Да се ослободиме од наметнатиот, деструктивен, нехуман/нечовечки, противприроден, антиграѓански, антицивилизациски, стар приод и сите негови креатури, мрачни и геноцидни сценарија, дејанија, злаизлосторства (во сите облици) директно насочени против човекот, народите, граѓаните, човештвото и човечката цивилизација, за нивно уништување.

Сите, заедно, на национално, светско и цивилизациско рамниште, да учествуваме, да придонесуваме, со исправниот, позитивен граѓанско-цивилизациски приод и начин да ги поставиме темелите на новата цивилизациска архитектура.

Конечно, ние, граѓаните-носители на суверенитетите (во демократски устроените општества, но и во недемократските општества) да се ослободиме од таквата узурпација, за да можеме да продолжиме да создаваме нови граѓанско-цивилизациски вредности од кои имаме насушна потреба за сопствениот спас и опстој.

За жал, некои локални и глобални фактори, сакаат со стариот приод да ги направат промените на локално и на глобално рамниште. Тоа е НЕВОЗМОЖНО и инфантилно.

Решението и на локалните, регионалните и на глобалните проблеми е НОВ Граѓанско-цивилизациски ПРИОД, кој треба сите ние заедно, да го создадеме, изградиме.

Новиот граѓанско-цивилизациски приод на меѓусебен разумен однос, почитување и соработка и градење на граѓанското и цивилизациското заедништво (во целиот свет/екумената), како свој сопствен гарант, за природно и трајно сочувување и развивање на сопствениот цивилизациски идентитет и интегритет, во ослободениот и неподелениот свет, на взаемна соработка и заедништво по сите суштествени прашања за човекот, човештвото и за човечката цивилизација.

Да ги детерминираме високите и позитивни граѓанско-цивилизациски вредности, во прилог на развојот на човекот, човештвото и на човечката цивилизација и за нивниот опстој. Кои ќе бидат солиден и цврст материјал за создавање на цивилизациската градба на новото време, како Надеж за иднината.

Но, исто така, да ги детерминираме и анти-цивилизациските ,,вредности,, кои се и една од причините за падот на човештвото.

Да ги создаваме и поддржуваме новите граѓанско-цивилизациски вредности, за новото време, по мерка на човековата суштина, неговите суштински, длабоки, високи потреби за здраво, достоинствено, возвишено, слободно и мирно, полнотно живеење и создавање.

Како носители на суверенитетот, да ги поддржиме оние политички партии кои ќе ги застапуваат овие граѓанско-цивилизациски интереси заедно со националните и државните интереси.

Својот глас ќе го дадеме за оние опции кои ќе се обврзат да ги остварат нашите автентични граѓански (национални и државни) интереси, низ призмата на граѓанско-цивилизациските вредности.

Оние претставници на народот, пратениците, политичките партии и поединци-политиканти кои им прават штета на граѓаните и на државата, кои се најодговорни за создавањето на политичка и општетствена криза, дејствувајќи со стариот приод и против автентичните граѓански и цивилзиациски интереси, како што е тоа случај со Р.Македонија, но и во државите насекаде во светот, време е да го слушнат гласот на народот, да се одморат, да се тргнат од политичката и општествената сцена и да им отстапат место на новите, вистинските политичари, претставници на граѓаните, кои ќе делуваат леге артис, во заштита на граѓанските, националните, државните и цивилизациските интереси.

Да предложиме и автентичен начин на третирање, афирмација, промоција на локалните, регионалните и глобалните, граѓанско-цивилизациски прашања и аспекти ( конференција, форум, манифестација . . .или некој нов начин) и применување на создадените граѓанско-цивилизациски вредности и придобивки на соодветно ниво и во соодветната област/сфера.

Ве покануваме сите граѓани (и граѓански здруженија, групи, асоцијации, фирми), творци и стручњаци од сите области, кои придонесувате за создавање и афирмирање на граѓанско-цивилизациските вредности, со заложби за здраво, достоинствено, возвишено, слободно и мирно, полнотно живеење и создавање да ни се придружите и да го поддржите Движењето кое е во интерес на сите граѓани, на општеството и на државата, конечно во интерес на остварување на заедничките граѓанско-цивилизациски заложби. (Оваа Покана ви ја испраќаме преку Вашите е-мејл адреси и фејсбук профили, со оглед на тоа дека овој начин дава поголеми можности за наше меѓусебно поврзување и комуникација (попрегледна тековна комуникација и ажурирање на информациите),за разлика од класичниот начин, по пошта.

Истовремено, Вашето име/назив го ставаме на

Листа на субјекти кои создаваат и придонесуваат за граѓанско-цивилизациските вредности:(линкови . . .)

https://www.facebook.com/groups/dvizenjezagcvrednosti

 

                                                                                                                                                            Од иницијаторите

 

 

 

ДВИЖЕЊЕ ЗА ГРАЃАНСКО-ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ВРЕДНОСТИ

Граѓанска иницијатива за остварување на граѓанско-цивилизациските вредности согласно природните законитости во човекот и надвор од него

Бавејќи се творечки со цивилизациските прашања, веќе петта деценија, од првичната заложба:"Како да се создаде зародиш кој ќе се развива и шири и ќе го хуманизира човештвото?" ( Р.М. 1973 г.), ете, после толку крварења го дочекавме мигот да се создадат услови на цивилизациско, светско рамниште, за остварување на таа заложба со промените, всушност со ставовите и заложбите на двата претседатели од двете најмоќни земји и најавеното движење, со тоа се создаваат услови во целата екумена за подвижување на еволутивниот од на човештвото, што длабоко не радува и го поддржуваме и што за нас е најголемата сатисфакција, да го дочекаме овој миг. И веќе, ништо повеќе не е исто. Конечно, создадено е тоа цивилизациско тројство, со поведувањето на движењето за цивилизациските вредности, кое треба да биде и своевидна ренесанса за новото време, кое ќе доведе до хуманизирање на човештвото, врз основа на природните законитости во човекот и надвор од него, врз кои се засновани и цивилизациските вредности.

 

Цивилизациските вредности кои се засновани врз природните законитости, се базични, апсолутни, универзални, планетарни, космички и високо над сите други определби и вредности. Врв кон кој треба да се стремат сите, и поединците и политичарите и општеството и државата и човештвото.

Ништо не смее да се случува надвор и спротивно од природните законитости.

Природно право/природна законитост е човекот, семејството, народот да има свое гнездо, свој дом. Не е природно право/природна законитост да им се узурпира и одземе единствениот дом што го имаат.

Природна законитост и цивилизациска вредност е (македонскиот) граѓанин да си го сочува единствениот свој дом што го има, неподелена унитарна држава на македонскиот народ и на другите заедници што живеат во неа, согласно Уставот и сите природни и позитивни закони што му го гарантираат тоа право на граѓанинот.

Не е природна законитост и антиграѓанско-цивилизациска вредност е некој да има 3 (три) држави/дома, а македонскиот народ да остане без еднствениот свој дом/држава!!!

Ние, автентичните и лојални граѓани (а не тн. граѓанство и граѓанскиот сектор кои работат против нашите граѓански интереси) не дозволувамеда нѐ злоупотребуваат, да нѐ доведуваат во заблуда, да ни наметнуваат, да бараат да прифатиме, да гласаме за нешто што е спротивно на сите граѓанско-цивилизациски и цивилизациски вредности и го нарушува природниот баланс/рамнотежа и законитост.

Ова е движење на автентичните и лојални граѓани на оваа држава.

Да не дозволиме да ни го узурпираат автентичниот граѓански простор и манипулирањето со истиот и со гласовите на автентичните и лојални граѓани.

Граѓаните, сега, по сопствено мислење, може да го дадат својот глас на онаа политичка партија/опција за која тие сметаат, но, како носители на суверенитетите, како граѓани за кого се избираат претставниците, кои треба да работат во нивен интерес, тоа давање на гласот нека биде УСЛОВЕНО со обврска политичките партии, избрани од граѓаните, ДА ГИ РЕВИДИРААТ сопствените политички програми преку призмата на универзалните граѓанско-цивилизациски и цивилизациски вредности.

Истовремено, да си го задржат/ме правото на ОТПОВИКУВАЊЕ/РЕИЗБОР, доколку не ги ревидираат своите програми во интерес на граѓаните, на општеството, државата и на човештвото.

Автентичните и лојалните граѓани на РМ се здравото граѓанско ткиво и ним им е дадено да се изборат на автентичен начин и со автентичен граѓански и цивилизациски приод за својата иднина, во својата единствена домовина, држава и за еволутивен развој на човечката цивилизација, со цивилизациските вредности кои се и автентични, позитивни и високи и апсолутни граѓански вредности.

Ќе го задржиме своето право да се бориме за интересите на автентичните граѓани на Македонија и за природните законитости.

И го задржуваме правото, без оглед на изборниот резултат, да ја продолжиме нашата борба против оние кои се против природните законитости и кои им ги ускратуваат природните законитости на граѓаните.                  

За таа цел, во рамките на Движењето за цивилизациските вредности, ние граѓаните ќе ги отвориме и ќе предлагаме и ќе ги потпишуваме:

1. Листата на граѓани, за условено давање на својот глас/гласање за одредна партија, која понатаму се обврзува да ја ревидира својата програма, врз основа на природните законитости во граѓанинот и надвор од него, заради постигнување и реализирање на тие цивилизациски вредности.

  1. (од страна на сите чинители и субјекти во општеството, а посебно на политичките партии и претставниците во власта)

3.Листата за детерминирање на антиграѓанско-цивилизациските и антицивилизациските вредности ( и за граѓанска осуда и барање за кривична одговорност на сите чинители и субјекти кои ги поддржуваат и постапуваат против природните законитости во човекот/граѓанинот и во општеството и надвор од него, на цивилизациско рамниште)

4. Црна листа на судии, обвинители, судски вештаци, извршители, претседатели на комисии, државни и јавни службеници,. . . (составена и ќе се надополнува по предлози на граѓаните, кои се објективни и основани, а врз основа на донесените несовесни и неправични одлуки кои овие поединци чии имиња се објавени ги донеле, коишто одлуки исто така ќе продолжиме да ги објавуваме на веб-страницата на здружението "Преродба"http://www.prerodba.org.mk/index.php/zastitanapravata/sudskiodluki/crnalista ).

5. Листата на доблесни граѓани ( кои ги предлагаат граѓаните за Советот на граѓаните на РМ , како личности со чиста македонска граѓанска свест и определба, доблесни и принципиелни, кои можат да ги поведат граѓаните, како тело кое ќе може да ги застапува граѓаните и нивните одлуки и ќе дејствува во име на граѓаните, за сите прашања и на сите нивоа, се додека не се исполнат потребните предуслови за ново одговорно функционирање и одлучување во името на граѓаните како носители на суверенитетот и на гласачкото право во државата.

6. Листата - Граѓаните предлагаат номинација за нобелова награда на Трамп и Путин, поради нивната доблест и решителност да ги стопираат негативните и неприродни светски процеси и текови, како и во духот на нивното државничко и цивилизациско постапување во согласност со природните законитости и цивилизациските вредности во полза на човештвото, за спас од самоуништувањето и за еволутивен развој на човечката цивилизација.

7.Листа на граѓани кои пристапуваат во Движењето за цивилизациските вредности.

За таа цел, здружението Преродба ќе овозможи преку својата веб-страна, на соодветен начин да се одвива тој процес на детерминирање на граѓанските/цивилизациските вредности, како алатка, спонтано, транспарентно. Секој граѓанин, здружение и другите погоре наведени ќе можат на начин и во форма кои најмногу ним им одговараат да имаат свој удел, да го дадат својот придонес и прилог за детерминирањето на граѓанските/цивилизациските вредности а исто така и како авторски став, мислење, студија, труд, експертска анализа, дебатна форма/емисија, на веб-страната на Преродба www.prerodba.org.mk и фејсбук https://www.facebook.com/giprerodba,

Чувствувајте го како свое автентично Движење, како своја авгентична граѓанска иницијатива со која ќе се борите за сопствените автентични граѓански интереси. Бидете слободни, со свои сугестии и предлози и иницијативи да го збогатите истото или да поведете и други Ваши граѓански иницијативи.

 

http://www.prerodba.org.mk/index.php/celimisija/inicijativi

 

 

07.12.2016 г.

С к о п ј е

                                                                                                                           Од иницијаторите

 

 

                                                 ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА И ПОВИК

 

ДО ГРАЃАНИТЕ-НОСИТЕЛИ НА СУВЕРЕНИТЕТИТЕ И НА ГЛАСАЧКОТО ПРАВО ВО ДРЖАВАТА

 

За наше автентично и натпартискоздружување и обединување како носители на суверенитетите и на гласачкото право во државата: граѓаните, граѓанските иницијативи, здруженија, движења и на творците, во заштита на нашите граѓански и творечки права, интереси, заштита и зачувување на уставното вековно име и на Република Македонија (во оваа глобална деструкција и повици и одлуки за поделба на државата), во заедничка граѓанско-творечка платформa, која ќе делува во име, во интерес и во прилог на граѓаните, на творците, на поединецот и на семејството, на граѓанското општество, на државата и на човештвото.

Стариот приод, некои субјекти да ја стават нашата граѓанска судбина и на државата во нечии раце да одлучуваат, во името на граѓаните, за истата, а без нашата согласност, без нашиот даден легитимитет и мандат, значи, за свои и туѓи интереси, а против граѓанските и државните интереси, земајќи дел по дел од нашиот суверенитет и интегритет, што е антидемократски, противуставен и чин против државата, обединетите граѓани ќе го заменат со

 

                   НОВ ПРИОД и НОВ МОДЕЛ на одлучување и функционирање

Отсега, обединетите граѓани, автентичните македонски граѓански иницијативи и творците,како носители на суверенитетите, ќе ја земат својата и судбината на сопствената државата во свои раце и автентично ќе настапуваат во сопствено име и ќе одлучуваат самите за себе и за своите интереси.

Досега, политичките субјекти/партии, во името на граѓаните, политичките програми ги пишуваа за свои и за туѓи интереси, со неавтентичен приод, стерилен, ларпурлартистички, кој не произлегува од искуствените (научните, длабоки) потреби од автентичното живеење на граѓаните и кој се покажа како погрешен од секој аспект и како извор на проблемите и незадоволствата на граѓаните.

Отсега, граѓаните и творците ќе ги пишуваат граѓанските иницијативи и заложби, а министерствата со другите субјекти, со политичките партии и со граѓанските инцијативи ќе ги третираат и реализираат. А граѓаните, како носители на суверенитетите, сопствениот глас на изборите ќе им го дадат на оние политички субјекти, кои ќе ги третираат, анимираат, афирмираат, застапуваат и ќе се борат за реализација на граѓанските иницијативи и заложби,НО НЕ БЕЗУСЛОВНО, ЕДНОСТРАНО, ТУКУ СО НОВ ОБЛИГАЦИОНЕН ДОГОВОР СО ГРАЃАНИТЕ! Доколку не ги остваруваат, да им се одземе мандатот, граѓаните-гласачи да си го повлечат дадениот суверенитет, а на нивно место да дојдат други претставници, во договор со граѓаните.

Ако некоја политичка партија не сака да го прифати новиот приод и модел на одлучување и да ги реализира/оствари автентичните македонски иницијативи и заложби на граѓаните тогаш нема да гласаме за нив.

Досега автентичните македонски граѓански иницијативи и заложби не можеа како такви автентични, изворни, да допрат до граѓаните и до јавноста, зашто беа цензурирани, филтрирани, злоупотребувани, моделирани, загушувани или едноставно игнорирани и не беа објавувани од НВО-инфо центрите и од медиумите ниту, пак, прифатени од министерствата и од институциите, од политичките партии и од другите субјекти на позиција да донесуваат одлуки во интерес на граѓаните и на државата.

Прашуваме: Како е можно автентичните македонски граѓански иницијативи и заложби досега да немаат свој автентичен инфо-центар, да бидат потиснувани, побивани, омаловажувани, а со тоа истото правејќи им го и на граѓаните, додека другите "увезени" и финансирани однадвор ги уживаат нашите уставни граѓански права и слободи, а нам ни се ускратуваат и сме дискриминирани и држани како заложници во сопствената земја!!!???

Обединетите автентичните македонски граѓански иницијативи и здруженија, бараме од Владата на Република Македонија и од Македонската Радио Телевизија, како јавен сервис на граѓаните, простор и термин, за да можеме да се обратиме кон своите граѓани, во нивен интерес и во интерес на општеството и на државата.

Новиот приод и модел ќе можеме како предлог да го разгледуваме, да го подобруваме и да го применуваме сите здружени во иницијативата и во општеството. За таа цел ќе го поставиме и ќе го отвориме како релевантно прашање и во рамки на воспоставените Цивилизациски разговори кои ги ставаме во служба на овие заеднички заложби и на иницијативите.

Со оглед на ургентноста на прашањата за кои ние, граѓаните, како носители на суверенитетот, единствено можеме да одлучуваме, предлагаме средба /собир на граѓани или на поединци и претставници од граѓанските иницијативи и здруженија и конституирање на заедничко времено тело или совет на граѓани, кои понатаму ќе продолжат заеднички да го креираат заедничкото дејствување.

Здружувањето во заедничката автентична граѓанско-творечка платформа и аплицирање со ваша автентична граѓанска иницијатива е можно преку формата за аплицирање која се наоѓа на крајниот долен дел на страницата Граѓански иницијативи, на веб страницата на Преродба.

Исто така, за комуникација може да се користат и следните адреси и телефон за контакт: www.prerodba.org.mk, www.facebook.com/giprerodba    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   тел.+ 398 77581871.

 

 

 

19.11.2015 г.                                                                          Здружение на граѓани "Преродба"   

С к о п ј е                                                                                Претседател Ана Бобинкова Мијаковска