Цели на Здружението

 

Нашиот прилог, како граѓанска иницијатива, во заедничката борба и заложби  на пошироко рамниште против негативностите и сите видови зла кои го разјадуваат граѓанинот/поединецот и општеството, меѓу кои и корупцијата како една сложена и широко распространета и присутна појава во сите сфери на живеењето и во општеството, е на рамништето и од аспект на граѓанинот/поединецот, чии права и интереси најнапред сакаме да ги заштитиме, затоа што најнапред тоа е личен и семеен проблем и на тоа рамниште се и најголеми  и најмногу се чувствуваат трагедиите и загубите, а со тоа секако и на општеството, за што исто така ќе се бориме и на повисокото, општествено рамниште.

 

(Чл. 10 од Статутот)

 

Здружението има цел и задача да ги остварува и заштитува економските, социјалните, културните, научните, стручните, техничките, хуманитарните, здравствените, спортските и други права, интереси и уверувања на своите членови кои произлегуваат од уставните права и се во согласност со Уставот, законот и човековите права кои произлегуваат од цивилизациските и природните законитости.

- да им помага на најзагрозените групи на граѓани од сите аспекти;

- да собира помош од сите видови за најзагрозените граѓани;

- да ги згрижува оние граѓани кои немаат ни минимални услови за живеење; да го спречи нивниот понатамошен пад; да им помогне во враќање на нивнит човечки, социјален и општенствен интегритет; од изгубени граѓани и товар на општеството да ги оспособи и врати на нормалните човекови и општествени текови; да ги оспособи за нивно пристојно живеење и создавање;

- едукација;

- да им помага на луѓето во остварување (обучување) во одредена дејност; им помага во успешно вклучување во процесот на создавањето (културните, економски, образовни, производствени дејности);

- да им овозможи тоа да го прават најнапред во рамките на производствените и други дејности организирани од Здружението во соработка со другите институции;

- да им помага во процесот на почнување на сопствена дејност;

- оспособување и развивање на образовните потенцијали за решавање на нивните животни и економски проблеми; развивање на спортски потенцијали; развивање на здравствени потенцијали; развивање на креативни и творечки потенцијали се со цел за создавање на творечки и креативни, врвни дела во областа на економијата, културата, уметноста, спортот, образованието, производството и слично.

Согласно препораките на Виенската декларација и Програма за акција од Светската конференција за човекови права (II, точка 38 и точка 73) Преродба ќе го дава својот граѓански придонес во процесот на промовирањето и заштитата преку соодветни механизми на сите човекови права и основни слободи и хуманитарни активности на национално, регионално и меѓународно ниво.