ДО

                                     ВРХОВЕН СУД НА РМ

                                     УСТАВЕН СУД НА РМ

Врз основа на член 24 и член 50 од Уставот на РМ, Здружението на граѓани Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење ПРЕРОДБА, од Скопје, со седиште на Бул.Партизански одреди бр.127/2-14, со ембс 5865441, ја поднесува до Врховниот суд на РМ и до Уставниот суд на РМ, како највисок суд и највисок орган на РМ, оваа

                                                  ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА

За расправање и прифаќање на начелен став или начелно правно мислење, за обезбедување на потребното правно толкување, развивање и проширувањена членовите: 9, ч. 65 став1 и 2, ч.75, ч.76 од Законот за судовите, членовите:100 став 1,2 и 3,ч. 52, ч.98 став 2 од Уставот на РМ, в.в.членовите: 353, 353-в, 357, 359, 359-а, 363, 364, 365, 366-а, 367 од Кривичниот законик на РМ, членовите: 201 став, 203 став 4 од ЗПП и членовите: 42, 49 став 1и 2, 55 став 1 и 2, 59 став 1 и 2, 97 став 1, 137 став 1, 140 и 145 од ЗКП, со цел да се заштитат граѓаните од неправично, несовесно и корумпирано на некој начин судење и злоупотреба на службената должност на судиите во текот на судската постапка и спрема странка во постапката и за укинување на неправичните и несовесни пресуди, донесени на таков начин и нивно преиначување во полза на оштетениот граѓанин.

Членот 9, ч. 65 став1 и 2, ч.75, ч.76 од Законот за судовите, членот 100 став 1,2 и 3,ч. 52, ч.98 став 2 од Уставот на РМ, толкувани , развиени и проширени со оваа димензија да се применуваат во судската практика.

 

            ПОРАДИ ТОА ШТО:

Ние, граѓаните на РМ, се чувствуваме крајно повредени, понижени, онеправдани, изневерени од поединците кои ја злоупотребуваат својата професионална позиција и службена должност, за што ја добиле нашата доверба и нашиот глас и требале да ги заштитуваат нашите/граѓанските права и интереси, затоа што одлучувале и суделе во наше име, "во името на граѓаните".

Судиите и другите службени лицана РМ, платени за тоа од државата и од парите на граѓаните, значи, двојно платени и единствено од граѓаните, зашто државните пари се од нас, граѓаните на РМ, не постапиле правично и совесно и не донеле правични пресуди (одлуки, решенија) "во името на граѓаните".

Судиите и другите службени лица на РМ, злоупотребувајќи ја службената должност се сторители на кривично дело, против граѓаните, а и против судството и државата, валкајќи го нивниот углед и достоинство.

Ние, граѓаните на РМ, немаме повеќе каде да одиме, зашто после СРАМНИТЕ ПРЕСУДИ и одлуки вратите на институциите за нас, граѓаните, се затворени.

Особено и затоа што ПРИЧИНАТА за овие проблеми е длабока ипроизлегува од несовесноста на човекот, при што на тоа длабоко внатрешно системско ниво се иницираат и манифестираат крајно негативните особености на човекот, најнапред расипаноста, што е најдлабоката димензија на коруптивноста, во овој случај, на расипаноста на личната човекова природа нанесовесниот/ корумпиран на некој начин судија и на другите службени лица и лица што вршат јавна дејност. Поради истата причина, исто така, и се прават СРАМНИТЕ СПРЕГИ, и тогаш е уште покоруптивно таквите дејанија да се оправдуваат, да се покриваат со самите законски одредби и на тој начин да се озаконуваат, да се заштитуваат со самите закони со кои всушност треба да се заштитуваат граѓаните.

Врз основа на тоа, ние граѓаните, применувајќи го продлабочениот/генетички приод не само што укажуваме на суштествената повреда на законот, туку одиме чекор подлабоко и понатаму и УКАЖУВАМЕ НА КРШЕЊЕ ИЛИ СТОРУВАЊЕ НА ПОСУШТЕСТВЕНИ ДИМЕНЗИИ КОИ ГИ ДЕПЛАСИРААТ СИТЕ ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ НА СИТЕ ЗАКОНИ И НИВНАТА ЛОГИКА ШТО,СЕКАКО, СЕ ОД ДРУГО РАМНИШТЕ, МНОГУ ПОВИСОКО ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ( на ЗПП и ЗКП) И НЕ МОЖАТ ДА СЕ ТРЕТИРААТ НА ИСТО ЗАКОНСКО РАМНИШТЕ ВРЗ ОСНОВА НА ТИЕ ПРОПИШАНИ ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ. Одредби што важат за сите други граѓани, но не и за оние групи на повластени граѓани, со имунитет, во овој случај, судиите, а кои одлучуваат во име на граѓаните, и другите службени лица, кои си дозволуваат да бидат корумпирани, затоа што со уставните и законските одредби се изземени од одговорност, а особено од кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на судската одлука. Коруптивноста на судијата која се појавува, која се покажува низ самата судска постапка, која се вткајува/спровнува во самата судска постапка, е многу потешко коруптивно и кривично дело од делата кои досега според Уставот и законите важат за такви.

Кога судијата и другите, во примената на законите ја вметнуваат својата корумпираност и со тоа правејќи ја за прифатлива и законски неспорна, а особено кога тоа го прават здружени/ во спрега, тогаш таквата несовесна примена секако е на штета на граѓаните и НЕ СЕ СУДИ ВО НИВНО ИМЕ, А ТОА Е ВИДЛИВО ОД САМИТЕ ПРЕСУДИ, ОДЛУКИ, РЕШЕНИЈА.

НАЈГОЛЕМ И ДОВОЛЕН ДОКАЗ ЗА ТОА СЕ САМИТЕ ПРЕСУДИ, ИСКАЗИТЕ НА СУДИЈАТА, ВИЗАВИ: доказите изведени во постапката,исказите на учесниците во постапката: странките, сведоците, вештите лица; записниците и поднесоците и укажувањата доставувани до судот и до судијата.

За да може овие наши граѓански заложби и иницијативата што ја доставуваме до Врховниот суд и до Уставниот суд на РМ, да се стават во служба на граѓаните на РМ, но и во прилог на унапредување на македонското судство, Здружението ПРЕРОДБА предлага суштински квалитетен начин, НОВОСОЗДАДЕН МОДЕЛ НА САМОРЕГУЛАЦИЈА НА СУДСТВОТО, со кој ќе се создаде мошне значајна функционална "институција" која на најдобар, редоследен, ефикасен и потполно легитимен начин и за брзо време ќе врши корекција на неправдите и природно, фундаментално, такаречено без пари ќе го доведе судството во професионални, правични, совесни "леге артис" рамки, притоа да се укинат и преиначат срамните пресуди.

Кој ќе ги исправи сторените неправди? Кој ќе ја врши ревизијата на срамните пресуди?

Некои заговараат однадвор да ни го "средат" судството!? Никојне може да обезбеди увид/ мониторинг, во водењето на сите судски постапки, во секој момент, на сите рочишта, во сите судови во Македонија. Никој не може да биде толку длабоко, искрено посветен и очевидец на сите тие злоупотреби во судството, одошто самите граѓани. Особено што судовите судат "во името на граѓаните на РМ" и само на граѓаните останува да бидат чувари на правичното и совесно судење и на доаѓањето до правдата во судовите на РМ. Притоа и за таа цел, граѓаните ќе бидат упатени по соодветен клуч да ги препознаат таквите несовесни, коруптивни судења и пресуди и заедно ќе го подобруваме тој граѓански приод и модел. Ете, на тој начин, граѓаните имаат можност да бидат заштитени во/со процесот на саморегулација на судството. Со тоа и создадениот начин, ќе се оправда синтагмата "во името на граѓаните на Република Македонија".

Тој пронајден, изграден и воспоставен модел, сега веќе и како граѓанска иницијатива ЦРНА ЛИСТА на судии, обвинители, судски вештаци и др. е разработен и презентиран и понатаму ќе се подобрува, разработува и презентира на веб-страницата на здружението ПРЕРОДБА, http://www.prerodba.org.mk/index.php/zastitanapravata/sudskiodluki/crnalista .

Ако се суди ВО ИМЕ НА ГРАЃАНИТЕ тогаш логично и редоследно е дека, исто така, РЕВИЗОРИТЕ ТРЕБА ДА БИДЕМЕ НИЕ, ГРАЃАНИТЕ.

РЕВИЗИЈАТА НА СРАМНИТЕ ПРЕСУДИ ЌЕ ЈА ВРШАТ ПРАВИЧНИ, ДОБЛЕСНИ, КРЕДИБИЛНИ ГРАЃАНСКИ РЕВИЗОРИ, ОД РЕДОВИТЕ НА СОВЕТОТ НА ГРАЃАНИ, КОИ ЌЕ СЕ ИЗБИРААТ ПО ПРЕДЛОГ НА ГРАЃАНИТЕ.

Основен критериум да бидат предложени и да бидат избрани е да се доблесни граѓани, коишто како поединци, со целиот свој интегритет и личност се кредибилни и гарант за правичност, објективност, совесност и чесност. Тие ќе бидат оние потребни независни граѓански "судии", кои правично и совесно ќе постапуваат и ќе донесуваат правични одлуки "во името на граѓаните", кога тоа не го прават несовесните и корумпирани на некој начин судии и другите државни службеници, платени за тоа од нас, граѓаните на РМ.

Сето ова е доволна причина, по предлог на оштетен граѓанин, таков судија и таква пресуда дасе стават на ЦРНАТА ЛИСТА. Истовремено, граѓанинот да може да поднесе барање за третирање на проблемот на несовесно и коруптивно судење, односно за ревизија на судска пресуда, на сите нивоа, зависно од тоа на кое ниво, во кој суд, е направена злоупотребата. Тоа значи, во сите фази на постапката, со единствена цел, да се исправи таквиот недозволен тек на постапката и да се осуети/спречи понатамошна злоупотреба.

ПОРАДИ ТОА ШТО, НЕСОВЕСНОСТА, КОРУМПИРАНОСТА НА НЕКОЈ НАЧИН НА СУДИЈАТА ВО СУДСКАТА ПОСТАПКА Е МНОГУ ПОТЕШКО КРИВИЧНО ДЕЛО Е ПОТРЕБНО ИСТАТА ДА СЕ ТРЕТИРА НА ПОВИСОКО РАМНИШТЕ ОД ОНА НА КОЕ СЕ ТРЕТИРААТ СИТЕ ДРУГИ И КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА КОИ ТОЈ СУДИЈА СУДИ ВО ПОСТАПКАТА И ЗА КОИ СУДИЈАТА Е ДОЛЖЕН СОВЕСНО ДА СУДИ. Тогаш, доколку има сомнеж или елементи кои укажуваат на несовесно и на некој начин корумпирано судење или пресуда, особено, ако тие укажувања се аргументирани, тоа повисоките органи на судовите мора да го земаат предвид и најнапред тоа да се третира, затоа што е на повисоко рамниште во однос на самите законски одредби врз основа на кои се постапува по предметот. И ако се потврдат укажувањата и поднесените аргументи, најнапред тоа да се исправи. Се додека тоа не се исправи, се додека не се постапи по тие аргументирани укажувања, да не може судијата да продолжи да постапува по предметот, односно да не смее истиот да се повикува на законските одредби, а истите да не ги применува правично.

Тука се отвора проблематиката на пресудите (одлуки, решенија) кои се донесени на таков начин, со несовесно и на некој начин корумпирано судење, за што поради тоа се јавува потребата за нивна ревизија и како граѓани и здруженија на граѓани бараме членот 100 став 2 од Уставот на РМ и членот 65 став 2 и членот 9 од Законот за судовите, на овој начин толкуван, развиен и проширен со оваа димензија да се применува во судската пракса/практика. И за тоа мериторно да одлучуваат Врховниот суд (како највисок суд) и Уставниот суд (како највисок орган) на РМ, да го решат согласно член 101 и член 108 од Уставот на РМ, а согласно член 50 од Уставот на РМ, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност, на кој се повикуваме.

Затоа што:

1. Законитоста на ставот 2 од член 65 од Законот за судовите и од член 100 од Уставот на РМ: Судија не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на судската одлука, е проблематична, бидејќи и во нашата судска практика судиите се кривично одговорни/одговараат кривично и токму за кривични дела против службената должност, злоупотреба на службената должност и овластување, којашто злоупотреба е поради стекнување имотна корист или нанесување штета на друг, значи првенствено за корупција (несовесност), а исто така и поради нестручност и за потешка дисциплинска повреда (член 75 и член 76 од Законот за судовите), и со тоа важи и за изречени/донесени пресуди кај кои од тие три причини (од страна на судија) е сторена штета на граѓанин, странка во постапката.

2. Согласно членот 65 став 1 од Законот за судовите и членот 100 став 1 од Уставот на РМ: Судиите во вршењето на судиската функција уживаат имунитет и членот 9 од Законот за судовите: Никој не е изземен од судската власт, освен кога со Уставот и со меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот се утврдени случаи на имунитет пред судската власт, но не и за сторување кривични дела, а особено за кривично дело против странка во судската постапка што истиот судија ја води, за што странката има право да поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство на РМ, односно судот, по претставка од оштетениот граѓанин, по службена должност да поведе постапка за утврдување на кривична одговорност на судија. Или, врз основа на одлука од страна на судот, за такво несовесно/корумпирано на некој начин постапување на судија, оштетената странка да ја поведе таа постапка. Во спротивно,се скратува правото на мирно и слободно живеење на граѓанинот, како уставна и природна категорија, што е загарантирано со Уставот и со законите на РМ и со меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, како што се: Универзална декларација за човековите права:Член 3. Секој има право на живот, слобода и сигурност.Член 8. Секој има право националните судови ефикасно да го заштитат од кршење на основните права кои му се признати со уставот и законите.Член 28. Секој има право на општествен и меѓународен поредок, во кои правата и слободите наведени во оваа Декларација можат да бидат целосно реализирани.Член 30. Ниедна одредба од оваа Декларација не може да се толкува, како да и дава какво и да е право на некоја држава, групација или поединец да дејствуваат или да сторат некој акт со цел за рушење на правата или слободите предвидени со оваа Декларација, Европска конвенција за човековите права: Член 13, Право на реална жалбаСекој човек, чии права и слободи признати со оваа Конвенција,се нарушени, има право на жалба пред националните власти,дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја сторилелица при вршење на службена должност, Член 17Забрана на злоупотреба на праватаНиту една одредба од Конвенцијата не може да се толкува наначин според кој, на некоја држава, група или поединец им едадено право да преземаат активности или постапки со кои сезагрозува некое право или слобода што се признати со овааКонвенција, или да ги ограничуваат овие права и слободи вомерка поголема од онаа предвидена со Конвенцијата. Виенска декларација и Програма за акција од Светска конференција за   човекови права: 27. Секоја држава треба да обезбеди ефикасна рамка на правни лекови за отстранување на повредите и кршењата на човековите права. Правосудството, вклучувајќи ги и агенциите за применување на законите и обвинителствата и, особено, независната судска и правна професија во целосна усогласеност со важечките стандарди содржани во меѓународните инструменти за човековите права, . . .36. Светската конференција за човекови права го поттикнува основањето и зајакнувањето на националните институции, имајќи ги предвид "Принципите во врска со статусот на националните институции" и прифаќа дека секоја држава треба да си избере рамка која најдобро ќе одговара на нејзините посебни барања на национално ниво. Меѓународен пакт за граѓанските и политичките права на човекот и граѓанинот:Член 2, т.2. Државите-страни на овој пакт се обврзуваат дека, во согласност со својатауставна постапка и со одредбите на овој пакт, ќе преземаат чекори што ќеовозможат усвојување на такви законски или други мерки што ќе овозможатда се остварат правата признати со овој пакт, а кои не се предвидени сопостојното законодавство, 3. Државите-страни на овој пакт се обврзуваат:а) да гарантираат дека секое лице, чии права и слободи признати со овојпакт се повредени, ќе можат да користат ефикасен правен лек, дури и акоповредата е извршена од страна на лица при вршење на нивните официјалнидолжности;б) да гарантираат дека надлежните судски, управни или законски власти, илисекоја друга надлежна власт, според прописите на државата, ќе решаваат заправата на лицето кое користи правен лек и да ги развијат можностите запреземање постапка пред суд. Зашто, не може да се ограничи правото и слободата на граѓанинот да бара заштита на своите права и интереси пред националните судови и обвинителстото.

ДОНЕСЕНИТЕ НЕСОВЕСНИ, СРАМНИ ПРЕСУДИ, ОД ЦРНАТА ЛИСТА ќе бидат разгледани од граѓанските ревизори и ако и тие, врз основа на аргументираните докази во судската постапка, ги констатираат укажаните основани аргументи на оштетениот граѓанин, самите ЌЕ ДОНЕСАТ ОДЛУКА ДА СЕ УКИНЕ ТАКВАТА ПРЕСУДА КАКО НЕПРАВИЧНА.

Затоа, ние, засегнатите и оштетените граѓани на РМ, со таквиот начин на водењето и оштетување на граѓаните во рамките на самите судски постапки, ја доставуваме оваа граѓанска иницијатива, со што

                                                                                               Б А Р А М Е

 1.ОДЛУКИТЕ НА ГРАЃАНСКАТА РЕВИЗИЈА ЗА УКИНУВАЊЕ НА НЕСОВЕСНИТЕ, НЕПРАВИЧНИ, СРАМНИ СУДСКИ ПРЕСУДИ, СУДОТ ДА ГИ ПОТВРДИ И УКИНАТИТЕ ПРЕСУДИ (РЕШЕНИЈА) ДА ГИ ПРЕИНАЧИ ВО ПОЛЗА НА ОШТЕТЕНИОТ ГРАЃАНИ.

  2.ЗА РЕВИЗИЈА НА ВАКВИТЕ ПРЕСУДИ ДА НЕМА ЗАСТАРУВАЊЕ.

3. ДА СЕ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ СУДИЈАТА ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО.

 4.ОШТЕТЕНИОТ ГРАЃАНИН ДА СЕ ОБЕШТЕТИ, А СПРОТИВНАТА СТРАНА ВО ПРЕДМЕТОТ И СУДИЈАТА ДА СИ ЈА ПЛАТАТ/НАДОМЕСТАТ ШТЕТАТА: СТРАНАТА ВО ОДНОС НА ОТШТЕТНОТО ПОБАРУВАЊЕ ВО ПОСТАПКАТА, А СУДИЈАТА ПОРАДИ НАНЕСЕНАТА НЕПРАВДА НА ГРАЃАНИНОТ.

5.ДОКОЛКУ ЕДЕН СУДИЈА ТРИ ПАТИ, АРГУМЕНТИРАНО, СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА, ТОГАШ ТОА Е ДОВОЛЕН АРГУМЕНТ ГРАЃАНИТЕ ДА БАРААТ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ НА РМ, ИСТИОТ ДА ЈА ИЗГУБИ РАБОТАТА/ ДА СЕ РАЗРЕШИ ОД ВРШЕЊЕТО НА СУДИСКАТА ФУНКЦИЈА И НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ВРАБОТЕН КАКО СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ ИЛИ ЛИЦЕ ШТО ВРШИ ЈАВНА ДЕЈНОСТ, ОД ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ.

            За воља на вистината, и досега корупцијата во општеството и во институциите на системот е воочена/укажана и се преземаат чекори на разни нивоа, во судствата, од разни инстанции и институции, за сузбивање на тоа човеково зло, но, овие наши граѓански барања се новата алка, која недостасуваше во таа борба.

Ете, ние, како граѓанска иницијатива и здружение на граѓани сакаме да го дадеме нашиот скромен, но искрен граѓански и човечки придонес во бората против корупцијата во судството на РМ, за заштита на граѓанинот во таквите судски постапки.

За другите аспекти на одземање на имунитет на судија или за други аспекти на нестручно и несовесно вршење на судиска функција и понатаму останува да се применуваат другите досегашни законски одредби, односно и тие, каде што има потреба, на потребниот соодветен начин да се развиваат.                                                                                           

13.04.2016 г.                                             ПОДНОСИТЕЛ:                                                                   ПОДДРЖУВАЧ: 

С к о п ј е                                                   Здружение на граѓани ПРЕРОДБА                                      Здружение на граѓани ЗАПРИ                                                                            Претседател Ана Бобинкова Мијаковска                              Претседател Атанас Ѓорѓиевски

                                                                                    

             

                               ГРАЃАНСКА РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТА

                                                            ПРОТИВ АНТИДРЖАВНИОТ И АНТИГРАЃАНСКИ ЧИН

                           НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОБВИНИТЕЛКА КАТИЦА ЈАНЕВА

 

            Ние, граѓаните на Република Македонија, сме крајно револтирани, понижени и се чувствуваме загрозени и обесправени од противдржавниот, противуставниот чин на уривање на Уставниот поредок, на највисоките институции на државата, прогласувајќи ги за нелегитимни, и на суверенитетот на граѓаните на Република Македонија, од страна на службено лице на РМ, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

На тој начин, што особено н# засега нас, граѓаните, Катица Јанева, со овој ПРОТИВГРАЃАНСКИ ЧИН ги поништи/анулира сите наши АВТЕНТИЧНИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНСКИ ЗАЛОЖБИ, ЗДРУЖЕНИЈА И ИНИЦИЈАТИВИ за унапредување и развој на македонското општество и држава согласно Уставот и законите на РМ, во рамките на институциите на државата и нашето потполно легитимно граѓанско дејствување под заштита и во заштита на истите.

Дали Законот за Специјалното јавно обвинителство и го дава тоа право на уривање на државата, на системот и на граѓаните, носителите на сувере нитетот, граѓаните од кои и таа го добила својот легитимитет?

Уште поболно и потешко е што сето ова е законски (de jure) неиздржано, надвор од паметот и од какво било прифатливо резонирање, но што фактички (de facto), наместо да се справува со состојбите за чиешто разрешување е избрана, продолжува со создавањето на баластот во државата, во јавниот живот, со кој постојано сме атакувани и прави притисок врз нашите автентични граѓански општествени заложби и длабоката посветеност на развивање на суштинските димензии во живеењето на граѓаните и за стабилизирање и унапредување на севкиупните процеси за развој на општеството и на државата. Наспроти сите оние кои ги уриваат.

Ние, граѓаните и автентичните македонски граѓански иницијативи и здруженија на РМ, цврсто стоиме зад и во поддршка на институциите на системот и на државата и во рамките на истите ќе се бориме за нивното унапредување, самокорекција, за суштинско реформирање однатре, суверено и со сопствените капацитети, знаење и добрите практики, кои се неспорни и зад кои стои чесниот и самопрегорен труд на неизвалканите службеници кои ги заштитуваат Уставот и законите на РМ, не заштитуваат нас, граѓаните и нашите граѓански права и интереси и нашата држава и татковина. Тоа е нашата граѓанска должност и доблест. Да се биде МАКЕДОНЕЦ и да ја сочуваме и развиваме МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, СУВЕРЕНИТЕТОТ И ИНТЕГРИТЕТОТ на македонските граѓани и на македонската држава.

И ПОРАЧУВАМЕ на Катица Јанева, с# додека го добива легитимитетет од нас, граѓаните на Република Македонија, да постапува во наш, граѓански и државен интерес и за наша добробит. Доколку постапува спротивно, на наша штета, ќе бараме граѓански, легитимно, суверено, да биде казнета со највисока казна за сторување кривични дела против граѓаните, државата, институциите и Уставниот поредок на РМ и против службената должност  и таквите нејзини одлуки да бидат поништени, а истите и нејзиното име да биде објавено на ЦРНАТА ЛИСТА на судии, обвинители, судски вештаци, извршители, претседатели на комисии, државни и јавни службеници, на ПРЕРОДБА.

23.03.2016 г.                                                              Здружение на граѓани ПРЕРОДБА

С к о п ј е                                                                   Претседател Ана Бобинкова Мијаковска

         

                                    

                                                                ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА И ПОВИК

 

ДО ГРАЃАНИТЕ-НОСИТЕЛИ НА СУВЕРЕНИТЕТИТЕ И НА ГЛАСАЧКОТО ПРАВО ВО ДРЖАВАТА

 

За наше автентично и натпартиско здружување и обединување како носители на суверенитетите и на гласачкото право во државата: граѓаните, граѓанските иницијативи, здруженија, движења и на творците, во заштита на нашите граѓански и творечки права, интереси, заштита и зачувување на уставното вековно име и на Република Македонија (во оваа глобална деструкција и повици и одлуки за поделба на државата), во заедничка граѓанско-творечка платформa, која ќе делува во име, во интерес и во прилог на граѓаните, на творците, на поединецот и на семејството, на граѓанското општество, на државата и на човештвото.

Стариот приод, некои субјекти да ја стават нашата граѓанска судбина и на државата во нечии раце да одлучуваат, во името на граѓаните, за истата, а без нашата согласност, без нашиот даден легитимитет и мандат, значи, за свои и туѓи интереси, а против граѓанските и државните интереси, земајќи дел по дел од нашиот суверенитет и интегритет, што е антидемократски, противуставен и чин против државата, обединетите граѓани ќе го заменат со

                        НОВ ПРИОД и НОВ МОДЕЛ на одлучување и функционирање

Отсега, обединетите граѓани, автентичните македонски граѓански иницијативи и творците,како носители на суверенитетите, ќе ја земат својата и судбината на сопствената државата во свои раце и автентично ќе настапуваат во сопствено име и ќе одлучуваат самите за себе и за своите интереси.

Досега, политичките субјекти/партии, во името на граѓаните, политичките програми ги пишуваа за свои и за туѓи интереси, со неавтентичен приод, стерилен, ларпурлартистички, кој не произлегува од искуствените (научните, длабоки) потреби од автентичното живеење на граѓаните и кој се покажа како погрешен од секој аспект и како извор на проблемите и незадоволствата на граѓаните.

Отсега, граѓаните и творците ќе ги пишуваат граѓанските иницијативи и заложби, а министерствата со другите субјекти, со политичките партии и со граѓанските инцијативи ќе ги третираат и реализираат. А граѓаните, како носители на суверенитетите, сопствениот глас на изборите ќе им го дадат на оние политички субјекти, кои ќе ги третираат, анимираат, афирмираат, застапуваат и ќе се борат за реализација на граѓанските иницијативи и заложби,НО НЕ БЕЗУСЛОВНО, ЕДНОСТРАНО, ТУКУ СО  НОВ ОБЛИГАЦИОНЕН ДОГОВОР СО ГРАЃАНИТЕ! Доколку не ги остваруваат, да им се одземе мандатот, граѓаните-гласачи да си го повлечат дадениот суверенитет, а на нивно место да дојдат други претставници, во договор со граѓаните.

Ако некоја политичка партија не сака да го прифати новиот приод и модел на одлучување и да ги реализира/оствари автентичните македонски иницијативи и заложби на граѓаните тогаш нема да гласаме за нив.

Досега автентичните македонски граѓански иницијативи и заложби не можеа како такви автентични, изворни, да допрат до граѓаните и до јавноста, зашто беа цензурирани, филтрирани, злоупотребувани, моделирани, загушувани или едноставно игнорирани и не беа објавувани од НВО-инфо центрите и од медиумите ниту, пак, прифатени од министерствата и од институциите, од политичките партии и од другите субјекти на позиција да донесуваат одлуки во интерес на граѓаните и на државата.

Прашуваме: Како е можно автентичните македонски граѓански иницијативи и заложби досега да немаат свој автентичен инфо-центар, да бидат потиснувани, побивани, омаловажувани, а со тоа истото правејќи им го и на граѓаните, додека другите "увезени" и финансирани однадвор ги уживаат нашите уставни граѓански права и слободи, а нам ни се ускратуваат и сме дискриминирани и држани како заложници во сопствената земја!!!???

Обединетите автентичните македонски граѓански иницијативи и здруженија, бараме од Владата на Република Македонија и од Македонската Радио Телевизија, како јавен сервис на граѓаните, простор и термин, за да можеме да се обратиме кон своите граѓани, во нивен интерес и во интерес на општеството и на државата.

Новиот приод и модел ќе можеме како предлог да го разгледуваме, да го подобруваме и да го применуваме сите здружени во иницијативата и во општеството. За таа цел ќе го поставиме и ќе го отвориме како релевантно прашање и во рамки на воспоставените Цивилизациски разговори кои ги ставаме во служба на овие заеднички заложби и на иницијативите.

Со оглед на ургентноста на прашањата за кои ние, граѓаните, како носители на суверенитетот, единствено можеме да одлучуваме, предлагаме средба /собир на граѓани или на поединци и претставници од граѓанските иницијативи и здруженија и конституирање на заедничко времено тело или совет на граѓани, кои понатаму ќе продолжат заеднички да го креираат заедничкото дејствување.

Здружувањето во заедничката автентична граѓанско-творечка платформа и аплицирање со ваша автентична граѓанска иницијатива е можно преку формата за аплицирање која се наоѓа на крајниот долен дел на страницата Граѓански иницијативи, на веб страницата на Преродба.

Исто така, за комуникација може да се користат и следните адреси и телефон за контакт: www.prerodba.org.mk, www.facebook.com/giprerodba    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   тел.+ 398 77581871.

 

 

 

 

19.11.2015 г.                                                                          Здружение на граѓани "Преродба"   

С к о п ј е                                                                                Претседател Ана Бобинкова Мијаковска          

 

                 

Почитувани граѓани,

                По повод десетгодишнината (2004) од регистрирањето на здружението на граѓани Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење – ПРЕРОДБА, ја воспоставуваме веб-страницата на здружението и Ве повикуваме истата да ја ползувате за остварување на Вашите права и слободи и за исполнување на Вашите потреби и интереси.

Чувствувајте ја како своја, поведувајте и свои граѓански иницијативи по сите прашања и области за кои сметате дека е потребно за да го унапредите квалитетот на вашето живеење и создавање, а со тоа и за подобро општество по мера на граѓаните.

Здружението на граѓани- Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење "Преродба"  веќе една деценија постои како македонска граѓанска платформа за остварување и заштита на сите права и слободи на граѓаните, а особено ги промовира повисоките вредности во живеењето и создавањето , како и заложбите, активностите, проектите, делата и методите во чии рамки и со кои е можно практично, објективно да се развиваат потенцијалите на човекот за постигнување високи резултати и за создавање високи вредности во живеењето и создавањето.
Здружението ја изразува својата спремност заедно со граѓаните на РМ да поведува граѓански иницијативи за прашања од приоритетно значење за здравото, достоинствено и возвишено и мирно, регенеративно, долговечно живеење на секој граѓанин/поединец, во соодветната област за одредена проблематика.
Програмата и ставовите на здружението се засновани врз определбата за граѓанинот/поединецот како суверен на сите видови и облици на власт и застапување во името на граѓаните, остварувањето и заштитата на човековите права и на граѓанските права , како и врз природните законитости во живеењето и создавaњето во сите области и сфери, врз кои се засновуваат и природните права кои, во крајна линија, му се надредени на позитивното право и законите.
Како платформа и сервис за граѓаните здружението ќе продолжи да комуницира со јавноста  и ќе ги изнесува своите и експертските ставови и мислења за разни прашања и теми поврзани со институционалната повреда на човековите права и слободи на граѓаните со кршење и непостапување по законите, особено од страна на правосудните институции: судиите, судската власт и јавното обвинителство и на другите органи/ институции. За транспарентноста на оваа заложба, здруженито на својата веб-страница отвори црна листа на судии и обвинители и др. Критериум за тоа некој од нив да се најде на црната листа е донесувањето неиздржани пресуди, одлуки, решенија, несовеснотo, нестручно и како корумпирано на некој начин вршење на судиската функција, пристрасно водење на судската постапка, непостапувањето по законите, што е нивна обврска и службена должност, како и непостапување по насоките и задолженијата на вишите судови, но истото такво недозволиво и несоодветно постапување на вишите судови и на јавните обвинителства, кои прават груба/тешка повреда на правото и го кршат член 13 став 1 од Законот за судовите, кој гласи:" Судските одлуки се изрекуваат во името на граѓаните на Република Македонија".

Таквите судски одлуки граѓаните нема да ги прифатат.

Здружението ќе се залага тие поединци да не можат повеќе да судат во името на граѓаните на Република Македонија.